повик

повик за дизаjн на SpeakOut маичка

Ние, тимот Андромета, сме во потрага по талентиран дизајнер кој ќе успее да направи уникатен дизајн за SpeakOut маички кои ќе бидат (во) продажба/изложени по лансирањето на новата верзија на апликацијата.


SpeakOut е анонимна мобилна апликација која се грижи за подобрување на менталното здравје на младите и давање меѓусебна поддршка. Доколку сакаш да дознаеш повеќе за SpeakOut стисни тука.

За дизајнот на SpeakOut маичките ние бараме нов, привлечен дизајн со интересна илустрација која ќе биде привлечна и би била соодветна со една од следните теми:

-ментално здравје,

-пријателство,

-храброст,

-заедница,

-меѓусебна поддршка (од млади за млади).

Ние ви ја оставаме слободата да ја искористите вашата имагинација со која би ни ја покажале вашата креативност и вашиот потенцијал.

Бројот на дизајни кои вие би ги прикачиле не е ограничен.

Имајте предвид дека дизајнот ќе биде испринтан на црна или бела маичка во зависност од дизајнот. Ниту една друга боја на маичка нема да биде искористена како позадина.

Кој може да аплицира?

Опција 1: Повикот е отворен за искусни или новоформирани дизајнери, студенти на универзитети или академии за дизајн па дури и лица кои самостојно се обучуваат и дизајнираат.

Опција 2: На натпреварот можат да учествуваат сите креативци кои што сакаат да креираат нови дизајни.

Процес на избирање на најдобар дизајн:

По поднесувањето на вашата апликација, ќе добиете потврда од тимот на SpeakOut. Најдобриот дизајн ќе биде објавен јавно на 8ми март 2020 година и ќе биде награден со 50€ и SpeakOut маичка со неговиот дизајн.

За дополнителни прашања или прашања во врска со технички проблеми на нашата веб страница, испратете e-mail на info@speakapp.mk.

Следи ги #таговите

Интересна илустрација водена по следниве тагови:  од млади за млади, ментално здравје, конекција, пријателство, охрабрување, заедница.

Untitled-1

Бои

Боја на маица: бела или црна
SpeakOut_портокалова: #faad1c

SpeakOut_сива: #333333

Слободни сте на вашата имагинација !!!

Кратко инфо !

Краен рок за доставување: 6ти Март

 

Објавување на победник: 8ми Март
НАГРАДА: 50 € + маичка

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.