Мадрид

Целата авантура започна дента кога ја добивме поканата. Мирисот на позитивна енергија во воздухот, многу возбуда, адреналин и високи нивоа на допамин. Мотивацијата за тимска работа и постигнувањето нови успеси растеше.

Беше ден во Ноември кога тимот ја доби поканата да присуствува на конфенренција во Мадрид, Шпанија организирана од локалните канцеларии на Уницеф. Поканата пристигна во вистински момент, момент кога почнавме да чуствуваме како ни опаѓа мотивацијата, почнавме да заостануваме зад некои датуми и општо работниот тек стануваше побавен.

 

Пааа, првото прашање беше .. „Како го заслуживме ова?“ Дали ја заслуживме оваа огромна можност?  Дали сме подготвени дури и да се качиме на сцената и да разговараме за ментално здравје, носејќи ја таа одговорност, бидејќи тие нè нарекуваат „застапници на ментално здравје за младите“? Можеби не се чувствувавме така, но сепак прифативме!

 

Имајќи го тоа предвид, моравме добро да се подготвиме! Подгответе ја презентацијата, говорот, подгответе се за тридневно патување, подгответе се за вкупно четири летови и најважно – подгответе се за средба со еден куп нови луѓе, луѓе што ги гледаме за прв пат досега, многу од нив со високо признаена позиција, вистински професионалци. Значи, притисокот беше навистина голем. Можете ли само да замислите? Шест млади луѓе, некои сè уште сме во средно училиште, некои штотуку започнаа факултет, одиме на конференција, зборувајќи за нашата идеја, нашата апликација, пред полна сала? Не изгледа лесно. Всушност, воопшто не е лесно!

Настанот на кој присуствувавме беше „Aliados por la infancia 2019“ – УНИЦЕФ y sus aliados: Creciendo a traves de la innovacion. (мкд. Детските сојузници 2019 година – УНИЦЕФ и нејзините сојузници: Растеме преку иновации) “, што се одвиваше на 26-ти ноември, на многу куул место во близина на центарот на Мадрид. Настанот беше наменет за успешни проекти на УНИЦЕФ ширум Европа, проекти кои се иновација на локално ниво.

Нашето време за блеснување беше негде во агендата заедно со Javier Martos – извршниот директор на Уницеф Шпанија, убавата новинарка – Marta Royero. Истотака Nacho de Pinedo – извршен директор на ISDI, Manuel Garcia Herranz – главен научник во кабинетот за иновации (Уницеф Њујорк) и Carlos Mataix – директор на itdUPM. Честа беше наша.

 

Презентацијата што ја одржавме беше супер. Како и секогаш, имаше неколку мали (незначителни) технички прекини, но пораката што сакавме да ја пренесеме на публиката беше совршено пренесена. На крајот добивме долг, поддржувачки аплауз, и мора да признаеме, навистина уживавме во коментарите од публиката по презентацијата, додека се вмрежувавме со нив.

Подоцна, имавме шанса да ја претставиме SpeakOut пред нашите потенцијални корисници – средношколци. Бевме топло пречекани од Kensington School и SEK International School – El Castillo кои се наоѓаат во Мадрид.

 

Претставниците на Уницеф со кои имавме шанса да се дружиме, а и шпанците како народ,  беа пријателски настроени и многу добри према нас. Додека траеја нашите три презентации се чувствувавме многу удобно во нивно присуството.

 

Нешто изненадувачко што ни се случи во овие 3 дена беше и пораката што ја добивме од дете кое учи во едно од горенаведените училишта. Од пораката што ја примивме добивме уште поголема мотивација да ја ширими нашата идеја почнувајќи од сега, всушност видовме дека навистина сме помогнале и мотивирале некого.

 

Тоа беше скоро сè што се однесуваше на конференцијата на која присуствувавме, научивме многу, но сепак стануваше збор повеќе за нас да споделуваме знаење и искуство, презентирајќи го тоа што го правиме и за што се стремиме. Еве го интересниот дел, како успеавме да го претвориме целото патување во една голема тимска активност. Сега мора да размислите  „Што може да се случи за да го направи ова искуство толку посебно?“

 

Паааа, дали ќе ни верувавте доколку ви кажеме дека некако успеавме да пропуштиме три од четири летови? Да, добро читате. Три од четири лета пропуштивме. Што направивме? Тоа е сосема друга приказна. Бидејќи бевме ентузијасти и мотивирани на прво место, имаше моменти кога само стоевме на аеродромот, се чувствуваме емотивно , стресно, презаситено и малку исплашено, да бидеме искрени.

 

 

Додека ја раскажувавме приказната за нашето патување, имавме прашања од типот   „За колку дена се случи ова?“ … Три дена! Нема шанси….

Неверојатно е како се се случи во три дена. Во вакви ситуации, вообичаено е да се појават секакви реакции од сите членови на тимот, но неверојатно е колку позитивно се одразуваше целата неволја и паника врз нас. Ги имавме моментите на лудило како трет авион заминува без нас !? но сепак се забавувавме околу тоа. На крај решивме дека ни е потребен друг вид на превоз  доколку сакаме да стигнеме на време во Скопје.  

 

 

Значи, како што спомнавме, сè уште не бевме готови. Како што стигнавме во Скопје, комбето нè остави пред хотелот каде требаше да се одржи следната конференција, следниот предизвик. Организаторите на настанот мислеа дека нема да стигнеме и од реални причини нè отстраниле од агендата. Кога пристигнавме имавме само половина час да се подготвиме пред да почнеме со презентирање, па набрзина го испланиравме целиот концепт за презентација, нè воведоа на сцената и дојде време да го сториме тоа одново…

 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.