Менталното здравjе за време на пандемиjа на КОВИД 19

Во последните два блога споделивме повеќе за тоа што е менталното здравје, зошто е важно и како треба да се грижиме за своето. Во екот на една од најголемите промени на животниот стил на луѓето секаде околу светот, денеска решивме да зборуваме повеќе за очигледното: какво влијание има светската пандемија врз менталното здравје на луѓето кои ги чуствуваат ефектите од неа?

Со прогласувањето на пандемија на корона вирусот започна да доминира чуството на паника во светот. Овој вирус со себе носи голем број на ужасни карактеристики со кои ги поттикнува луѓето на панично купување, зголемена грижа за своето здравје со што при мала кашлица доаѓа до страв за можно присуство на вирусот, па дури и крадење на средства за лична хигиена и дезинфекција.

 Секојдневните новости коишто ги слушаме на телевизија и меѓу најблиските, новостите што ги читаме на интернет и постојаното непрекинато внимание на јавноста насочено кон овој вирус се причина за појава на анксиозност. Важно е да знаеме дека има можност да дојдеме до голем број на дезинформации и непотребно да се создаде паника околу тоа. Па, како би го заштитиле своето ментално здравје?

Светската здравствена организација (WHO) нуди неколку начини како би го заштитиле своето ментално здравје за време на оваа пандемија:

    1) Да избегнеме гледање, слушање и читање на вести кои можат да предизвикаат чувство на анксиозност и потресеност.
    2) Барајте информации главно за да преземете практични чекори за да ги подготвите вашите планови и да се заштитите себеси и најблиските.
    3) Барајте ажурирани информации во одредено време. Пример за извор на најнови информации: covid19.mk

Ова е вистинско време кое треба да го искористите за да се одморите од социјалните мрежи и своето време да го поминете со своите најблиски. Посветете поголемо внимание на себе и правете ги работите кои што ги сакате, а сте немале можност претходно да ги направите.

Покрај менталното, посветете му грижа и на своето физичко здравје. Најважно од се’ е да знаете како да го намалите ризикот од прифаќање на овој вирус. 

– Мијте ги рацете – но не претерано. За луѓето со OCD и други видови на вознемиреност, постојаното повторување за миење на рацете може да биде особено тешко да се слуша.

Останете поврзани со луѓето. Погледнете ги броевите во вашиот именик и искористете го овој момент да им се јавите на луѓето кои што го исполнуваат вашето време со позитивна енергија. На сите ни треба по еден таков разговор, зар не? 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.