Младинска поддршка за подобро #Ментално Здравjе во време на корона вирусот

Светот околу нас се промени брзо и без најава. Покрај заштитата и грижата за физичкото здравје, во ова време е потребно да се трудиме да го чуваме и негуваме и нашето ментално здравје.

Светската Здравствена Организација (СЗО), во последниот извештај каде дава препораки за начинот на заштита и грижа за менталното здравје, пишува: „Моменталната ситуација во светот предизвикува стрес низ целата популацијата”.

 

Меѓу останатите препораки, СЗО вели дека е добро да одвоиме време за сопствените потреби и чувства, да практикуваме здрави навики и активности кои ни носат задоволство и релаксација. Психолошката и емоционалната поддршка е особено важна и може значително да влијае врз состојбата на нашето ментално здравје и да ни помогне полесно да ги прифатиме промените и да најдеме начин лесно да се соочиме со предизвиците.

Ние, тимот Андромета го препознаваме овој тежок период како кај нашите блиски така и кај самите нас, во тимот. Со сите задачи на училиште, факултет и сите воншколски курсеви што се преселија он-лајн и сите други обврски тешко е да се одвои слободното време од останатото, со тоа што сме постојано дома сè ни изгледа исто и некако поврзано. Да се најде време за себе во кое ќе уживаме може да биде навистина тешко. 

Но, барем за едно нешто не ни недостасува мотивација: да вложиме време и труд во подготовката за лансирање на нашата апликација #SpeakOut! Кај сите нас доминира потребата и желбата да се искажеме, да се довериме некому или едноставно да го кажеме “на глас” она што ни тежи. Токму поради тоа сакаме да ја направиме апликацијата достапна што поскоро. 🙂

 

Со цел да го поттикнеме разговорот за ментално здравје во време на корона вирусот, кога повеќето од нас го поминуваат своето време дома, се активиравме на инстаграм и решивме да ги прашаме следачите неколку прашања за тоа како се справуваат со новиот начин на живот. 

 

До тогаш, разгледајте што споделија нашите следачи кога ги прашавме:


  

Како се справуваш со промените, осаменоста и чуствата? Имаш совет?

Многу од младите вклучувајќи наши пријатели и блиски тешко се справуваат со новата динамика на живот, сподели совет/убава мисла за мотивација!

За крај, ве оставаме со убава мисла и се надеваме дека ќе бидете дел од нашата иницијатива заеднички да ги надминеме сите предизвици и да ја намалиме стигмата поврзана со менталното здравје. 

Следете нè и понатаму и во иднина дружете се, давајте и барајте поддршка на и од сите нас млади на мобилната апликација “SpeakOut”!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.