,,Емоциjа или хемиска реакциjа?”

Во оваа нашава сегашност, во ерата на технологијата и новата Зет Генерација, покрај многу други се наметнува и прашањето: Што е всушност љубовта? Какво значење има? и впрочем постои и се негува ли сѐ уште?

Многу глави, голем број различни и спротиставени мислења. 

Па нашиот тим, со цел да сумира бар мал дел од нив, реши да спроведе кратка анкета во која oколу 20 тинејџери дадоа своја дефиниција за љубовта. Ви цитираме дел од одговорите:

Дали

,,Љубов е кога две лица од спротивен или ист пол чувствуваат мир, спокој и радост кога се заедно. Без разлика дали мајчина, пријателска или партнерска љубов сите тие се од еднакво значење и се во суштина-љубов.” 

,,Чувство, кое ги спојува луѓето”

,,Спас за човештвото”

,,Чувство без кое човек не може да преживее и воедно најпрекрасната емоција што постои”

„Богатство ако е возвратена, неподносливо болна ако не е.”

Или пак е

,,Хемиска реакција што ги тера луѓето (и сите живи суштества) да се размножуваат. Понатаму кај луѓето лубовта постои и во форма на соработка за полесен живот и чувство на стабилност.”

,,Реакција во мозокот која не прави среќни кога ќе видиме одредени луѓе.”

,,Хемиска реакција.”

,,Непостоечка.”

,,Ew.”

 

Можеме да заклучиме дека љубовта сепак не е едноставен поим кој може да се дефинира во неколку реченици. За научниците е хормони и хемиски реакции. За безнадежните романтичари, збир на чувства и експлозија од емоции. Факт е дека сепак не е ,,непостоечка” и бар во еден момент од животот сите сме ја почувствувале на овој или оној начин. 

Сведоци сме на постојани промени во општеството. Љубовта денес не е онаква каква што ја познаваат нашите родители, баби и дедовци. Светот се менува, се менуваме и ние, а меѓу другото, и љубовта заедно со нас.

Можеби зазема многу повеќе различни форми и дефиниции, денес отколку во минатото, но додека постои човештвото, многу веројатно е дека ќе наоѓа начини да се провлекува низ нашите животи и секојдневие и ќе опстојува и љубовта.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.