Животот - една долга плејлиста

Музички кутии, фонограф, џукбокс, касетата, бумбокс, вокмен се дел од музичките уреди кои за многумина од нас се непознати, бидејќи мобилните телефони ги замениле одамна правејќи го поефикасно слушањето песни. Порано музиката била екслузивна уметност. Луѓето ја немале привилегијата да ги слушнат посакуваните мелодии со неколку клика во секунди. Во денешницата, музиката е неминовна. Песните го исполнуваат времето кај тинејџерите можеби повеќе од било која друга активност. Музика додека пишуваме домашна работа, додека работиме на компјутер, при чистење на собите, под тушевите и секако при големите журки кои овие неколку месеци, сѐ поретко се одвиваат… Па и оние кои немаат голема желба за музика, невозможно е да ги изминат повторливите 24 часа, без неколку поврзани ноти.

Сите го знаеме фактот за незапирливото време. Ниту најмоќниот не може да ја намести брзината со која времето тече. Но, песните овозможуваат еден вид илузија. Во краткотрајната состојба на возбуденост исчезнува надворешниот свет , а со него и чувството на одвоеност. Песната го овековечува моментот, го прави уште пореален од што навистина е. Таа додава ефекти и чувства кои не сме ги познавале. Ако чувствуваме досада, со неколку песни ритамот со кој размислуваме се менува, се забрзува па дури по неколку часа се враќаме во стварноста. Кога носталгијата нѐ посетува, копнееме по мелодии кои ќе го сопрат часовникот, така што има доволно време да ја преболиме болката а истовремено ги исполниме останатите обврски.

Најголем степен на блискост можеби се смета познавањето на туѓата плејлиста. Никој не ја споделува вистинската, туку само делови со кои останатите ќе се согласат. Да го покажеш својот разновиден список од песни, значи да покажеш дел од себеси. Па од ова може да конституираме дека изборот на песни е една од најприватните карактеристики кај една особа.

Без различните композиции, филмовите не би претставувале целина. Тие поврзани со сцените даваат моќна инспирација. Муза која поттикнува низа активности. Музиката освен што дозволува да фантазираме и целиме кон поголеми сништа, таа дозволува да ја достигнеме онаа релаксирачка состојба кому секого е потребна. 

Музиката е утопија. Уметност која многупати несвесно ја објаснува нашата конфузност и го пронаоѓа решението на секојдневните проблеми. Со сигруност ќе се согласиме сите кога би кажале дека без музиката животот би бил монотон, сив и исполнет со меланхолија.

И некои препораки за музика.. (:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.