Како треба и дали доволно се грижиме за нашето ментално здравjе?

Во претходната објава споделивме истражувања за тоа што е менталното здравје и кои се фактите поврзани со менталното здравје и адолесцентите во светот. Со цел да го тргнеме разговорот за оваа тема од листата на табу теми, денеска ќе зборуваме повеќе за тоа како треба да се грижиме за менталното здравје, каков вид на третмани постојат и кои се искуствата на лицата кои се соочуваат со различни состојби на менталното здравје.

Во исчекување на одбројувањето до датумот за лансирање на апликацијата “SpeakOutApp”, бидете во тек и следете нè за повеќе информации!

 Постојат различни начини на кои луѓето со ментално здравствени проблеми можат да добијат третман. Важно е да се знае дека начинот што функционира за една личност не може да функционира и за друга; ова е особено случај со менталното здравје. Мнозинството експерти велат дека добро информиран пациент е веројатно најдобриот судија за тоа каков третман му одговара најдобро

 Третманите за различни состојби на менталното здравје можат да вклучуваат: психотерапија, лекови и самопомош. Психотерапијата е психолошки пристап кон лекување на ментални заболувања која се врши преку разговори со психотерапевт. Лековите не се начин на кој може да се излечат менталните нарушувања, меѓутоа некои лекови можат да ги подобрат симптомите. Под самопомош се подразбира менување на начинот на живот како што се намалено внесување на алкохол, повеќе часа спиење, добар начин на исхрана и сл.

Луѓето коишто се во фаза на опоравување ги нудат следниве предлози за подобра грижа на своето ментално здравје:

– Фокусирајте се на вашите предности и јаки страни,

– Фокусирајте се на решавање на проблемите, 

– Фокусирајте се на иднината наместо да ги разгледувате болките од минатото,

– Фокусирајте се на вашиот живот наместо на вашата ментална состојба.

Посветете време и внимание на себе си и обидете си да се ставите себе си како приоритет на вашиот фокус.

Во меѓувреме можете да ги запишете вашите цели коишто сакате да ги достигнете. Остварувањето на вашите цели со себе носи чувство на надеж и големо достигнување.

Покрај здравата исхрана, вежбањето може да го подобри вашето здравје и благосостојба. Вежбањето редовно може да ја зголеми вашата самодоверба, да го намали чувството на стрес, вознемиреност и депресија и да ви помогне да одржите здрава тежина.

Се разбира дека не треба да бидете во криза за да побарате помош од некој близок или психотерапевт. Зошто да го чекате моментот кога вашата состојба ќе се влоши? Дури и ако не сте сигурни дека имате корист од помош, не е на одмет да ја искористите можноста.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.