Социјалните мрежи
Нов домен во човечкиот живот

 Дали нашиот живот повеќе е одигран во реалниот свет или додека сме ,,затворени” во прозорците на апликациите, е тешко прашање на кое барем половина или повеќе од светската популација би можела да одговори. Токму така, во 2020 регистрирани се 3,6(3,8) милијарди корисници на социјални мрежи, а големиот замав е предвиден во 2025 со околу 4,4 милијарди. Детство, адолесценција, зрелост и старост се главните промени низ кои секое човечко тело поминува. Тие траат определен временски период и допринесуваат во оформување на личноста и нејзините идни пресуди. Според таа дефиниција дали можеме и социјалните платформи да ги вброиме како нов и незапишан стадиум во еден животен век?

Лајк, коментар, пост и илјадници емотикони се едни од многуте ,,обврски” кои ние како тинејџери ги совладуваме. Допишувањето, видео повиците и сторињата се можеби и најсилната врска која нѐ поврзува и одржува во меѓусебен контакт. Секако незанемарлив е фактот дека со еден допир го имаме светот на дланка, без разлика дали тоа значи повик меѓу блиски роднини или пак пребарување нечие име.

Кога сме излезени, инстиктивно подаваме кон телефонот и со слика го обележуваме настанот, во спротивно воопшто не се случило. Сѐ поретко уживаме во моментот, во сегашноста.

Кога ќе дојдат оние лоши денови, исполнети со длабоки анализи проткаени со ниска самодоверба, последно нешто што треба да го видиме идеалниот свет по сликите… Социјалните мрежи прават безброј илузии за совршеното јадење, тело и локација за одмор. Ретко кога некој ќе сподели спонтано чувство со кругот на следбеници, правејќи се поранлив.

 

Ако ги прашаме генерациите пред нас, како тие ги стекнале голем дел од нивните познанства, би се изненадиле од храброста и креатовноста која ја имале. Потребно било време да го откриеш човекот спроти од тебе и неговото друштво. Сега за жал, честопати раскинувањето се одвива преку пораки, или едноставно другиот престанува да пишува губејќи било каков контакт со другата индивидуа, а таа останува збунета со стотици неодговорени прашања.

 

Живееме во ера на модерна технологија која не го сопира својот напредок.  Не може да ги одбегнеме Instagram, Snapchat , Twitter и безброј други, само може да се обидеме подобро да ги користиме.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.