,,Жртви и предатори”- мрачната страна на социјалните мрежи

Нѐ информираат, ни овозможуваат полесна комуникација, нѐ поврзуваат, и ни нудат катче во кое повремено можеме да избегаме од реалноста. Но што се случува кога нивната помалку сјајна страна ќе излезе на површината? 

Со развојот на светот и сите сфери, за жал, и покрај сите предности, можеме да се согласиме дека полека, но сигурнo стануваме робови на технологијата и социјалните мрежи. Денес тоа е особено изразено кај новите генерации, младите луѓе, кои токму под влијание на социјалните мрежи се случува несвесно да се поделат и групираат. Оние кои најчесто се погодени од негативните ефекти на социјалните мрежи, или пак од некоја друга причина, набрзо самите тие стануваат ,,негативното влијание” и предаторската група на интернет платформите. 

Целосна спротивност од нив пак, се токму жртвите на нивните, често непромислени активности.

Сајбер булингот како девијантен феномен зема се поголем и поголем замав, и оваа интернет опасност денес демне голем број тинејџери ширум светот.

,,Се чувствувам како да не можам ништо да објавам на Твитер без потоа да бидам осудувана и исмевана за тоа”

,,Цели две недели добивам пораки со вознемирувачка содржина. Го блокирав корисникот, но малтретирањето не престана. Пораките продолжуваат да стигаат од различни интернет платформи. Ве молам помогнете ми, не знам што да правам”

,,Ги сподели моите фотографии на Инстаграм со сите наши заеднички пријатели. Му верував...”

,,4 години по ред бев малтретирана преку интернет од една иста личност. Тоа искуство целосно ја уништи мојата самодоверба. Мислам дека никогаш нема да можам тоа целосно да го заборавам и закрепнам”

Ова се само дел од илјадниците вакви и слични изјави на илјадници деца, тинејџери и млади луѓе кои не по своја вина паднале во канџите на сајбер булингот. Во просек секој 1 во 3 млади луѓе е жртва. 

Зборовите повредуваат. Како во реалниот живот, така и во виртуелниот свет. 

Размислете два пати пред било како и да постапите, а доколку имате потреба, побарајте помош, кажете им да престанат, но во никој случај немојте да го игнорирате проблемот. 

Сѐ додека општеството не почне посериозно да гледа на овој проблем, уште многу вакви приказни ќе се пишуваат, а двојно повеќе ќе останат неискажани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

© 2019 Copyrights by SpeakOut. All rights reserved.